Столе Димитриевски е виновен за двата гола што ги прими Рајо Валјекано, вечерва во поразот од 2:0 на гости кај Сабадељ.
Акцијата за првиот гол на Сабадељ беше одлична, но и крунисана по лошата интервенција на нашиот репрезентативец. Куевас изненадно упати удар од околу 18 метри, а Димитриевски иако беше на гол-линијата не успеа да одбрани.
Голот за предност на Сабадељ од 1:0 можете да го погледнете ОВДЕ.
Рајо Валјекано потоа имаше играч повеќе на теренот, по исклучувањето на Озкоиди, но наместо да израмнат, па и да победат, примија нов чуден гол.
Димитриевски се обиде во 95. минута да избие една топка, лошо го стори тоа далеку од својот гол, па Едгар Ернандес го казни со погодок на празна мрежа.
Вториот погодок на Сабадељ можете да го погледнете ОВДЕ.
Грешките на Димитриевски се во незгоден момент во финишот на сезоната, а Рајо Валјекано со денешниот пораз испадна од плејоф зоната.
Во шпанската Втора лига две екипи, веројатно Еспањол и Мајорка ќе бидат нови прволигаши, а следните четири екипи ќе играат бараж за уште едно место во Ла Лига.
Рајо Валјекано на пет кола до крајот на популарната Сегунда е на седмото место, прво под плејоф зоната.