Димитриевски и Елмас се високо ценети меѓу великаните, двајца репрезентативци со сигурност ќе ги променат тимовите

Македонија на репрезентативен фудбалски план имаше фантастична година, а сето тоа беше крунисано со настап на Европското првенство.

Сето тоа е позади нас а сега репрезентативците се максимално фокусирани на баражот за претстојното Светско првенство против Италија кое ќе се игра на 24 март.

Нашите репрезентативци исто така имаат и добри настапи во своите клубови, а тука највеќе се истакнува Столе Димитриевски во Рајо Валјекано.

Чуварот на мрежата е прогласен за најдобар во првиот дел од Ла Лига, а поради тоа, голем број на тимови се заинтересирани за неговите услуги а како најконкретна се споменува Барселона.

Енис Барди, пак со три гола и една асистенција е можеби и најдобриот играч на Леванте оваа сезона, иако неговиот тим е во очајна форма.

Добра вест за нашиот репрезентативец е што неговиот договор истекува на лето, па тој ќе може да ја промени средината. Голема е веројатноста дека ќе остане во Ла Лига, а според некои поодамнешни информации, Валенсија е заинтересирана за неговите услуги.

Илија Несторовски, пак, се врати од тешката повреда, но, во Удинезе речиси и да не добива шанса. Несторгол е свесен дека за да биде во прв план во репрезентацијата, потребни му се клупски минути и голови. Голема е веројатноста Македонецот во овој трансфер период да замине на позајмица.

Останува да се види и ситуацијата со Елиф Елмас, кој што исто така блеска во дресот на Наполи, а за него неофицијелан интерес пројавија Борусија Дортмунд и Лидс, но неговиот актуелен тим не планира да го продаде под 70 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести