Димитриевски: Ќе биде одлично ако по Реал, не примам гол и против Англија

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (20.45 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ против најатрактивниот противник, Англија, ги завршува квалификациите за пласман на ЕП 2024.

Фудбалерите квалификациите ќе ги завршат на четвртото место зад Англија, Италија и Украина, а утревечер ќе имаат шанса да се извадат за дебаклот од Манчестер кога Англија славеше со 7:0.

Токму тоа е најубедливиот пораз во историјата на Македонија, но голманот Столе Димитриевски, очекува утре да биде сосема поинаква приказна.

Димитриевски сезонава брани одлично, успеа да ги излуди ѕвездите на Реал Мадрид, и сега се надева дека истото ќе го стори и со Англичаните.

„Резултатот од првиот меч во Манчестер не даде вистинската слика на тоа што се случуваше на теренот. На секого може да му се случи да загуби високо, ете и Грузија дома загуби 7:1 од Шпанија. Сега имаме нов меч пред нас, нов предизвик и се надевам дека ќе одиграме многу подобро. Јас лично се чувствувам многу добро во добра форма. Точно е дека против Реал Мадрид бранев одлично, но тоа е зад мене. Сега сум фокусиран на репрезентацијата и би било фантастично ако и против Англија успеам да не примам гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести