Димитриевски на бис против Алабасете, ама не се знае кога

Мечот меѓу Рајо Валјекано и Албасете кој имаше чуден тек и предвремен крај поради навреди и протест од публиката кон Рома Зозулја ќе биде преигран.

Навивачите на Рајо Валјекано, клуб за кој брани нашиот репрезентативец Столе Димитриевски протестираа против украинскиот интернационалец од редовите на Албасете, нарекувајќи го нацист.

Судијата одлучи по 45 минути игра да го прекине мечот, а целиот случај доби поинакви димензии. Зозулја мораше да се правда дека воопшто не го подржува нацистичкото движење на Степан Бандера, кој бил лидер на украинските националисти во Втората светска војна и поддржувач на Адолф Хитлер.

Интересно е што Зозулја во 2017 година се пресели од Бетис во Рајо Валјекано, но трансферот веднаш го блокираа навивачите на клубот од Мадрид, па Украинецот се врати во клубот од Севилја, а потоа потпиша за Алабсете.

Новиот меч ќе се игра без публика, а датумот допрва треба да се одреди.

- Оглас -

Најнови вести