Димитриевски: Ништо не сум потпишал, ако Рајо одлучи да бара друг голман, ќе мора да го прифатам тоа

Голманот на Рајо Ваљекано и македонската репрезентација, Столе Димитриевски, во интервју за Радио Марка, рече дека уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата. Летово му истекува договорот со Рајо, а за него се заинтересирани неколку шпански клубови.

„Сè уште не сум ја донел одлуката. Разговараме со клубот, но одлуката не е донесена. Секогаш велам дека би сакал да останам, но тоа зависи од сите страни. Ако клубот одлучи да бара друг голман, ќе мора да го прифатам тоа. Не сум потпишал за ниту еден клуб. Во последните три години имаше многу гласини и работи за мојата иднина. Ништо не е решено. Кога ќе има вести, со задоволство ќе потврдам дали ќе останам или ќе заминам“, изјави Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести