Димитриевски повторно блесна на голот на Рајо

Реал Сосиедад и Рајо Вајекано одиграа без голови во меч од 22 коло на шпанското првенство. За двете екипи ова беше по деветти нерешен резултат сезонава. сосиедад е со 36 бодови на шестото место, а Рајо има 24 бодови што е доволно за 13 позиција на табелата.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше најзаслужен што Рајо не прими гол на ова гостување. Димитриевски имаше неколку одлични одбрани и на крајот стигна до деветиот меч сезонава во Примера дивисон на кој ја сочувува својата мрежа незатресена.

Рајо играше дефанзивно, гостите не упатија ниеден удар во рамките на голот на домашниот тим и затоа овој бод е повеќе од доволен за нив.

- Оглас -

Најнови вести