Димитријевиќ двоцифрен во новиот триумф на Хувентуд

Ненад Димитријевиќ со 10 поени, два скока и две асистенции забележани во помалку од 18 минути, придонесе за победата на Хувентуд од 88:81 над Билбао во петтото коло од АЦБ лигата.

Македонскиот репрезентативец продолжува со одличните изданија за тимот од Бадалона, кој пак влезе во серија од четири победи во сите натпреварувања.

Хувентуд моментално стои високо на второто место на табелата во шпанскиот шампионат, со четири победи и еден пораз во пет меча, а пред Димитријевиќ и соиграчите е само тимот на Тенерифе со максимален учинок од четири победи.

- Оглас -

Најнови вести