Димитријевиќ стандардно двоцифрен, шокантен пораз на Хувентуд

Хувентуд во последните секунди од средбата против Андора претрпе шокантен пораз при минимални 90:89. Со тројката на Клевин, Ненад Димитријевиќ претрпе разочарување во петтото коло од Топ 16 фазата во Еврокупот.

Иако Хувентуд загуби, Нено одигра ефикасен меч со 14 поени и шест асистенции кои ги забележа за 20 минути игра.

Димитријевиќ имаше само едно промашување од поле реализирајќи пет шута, без грешка шутираше слободни фрлања 4/4, додека ги утна четирите обиди за три поени. Во статистиката додаде и еден скок, а само еднаш загуби посед на топката.

 

- Оглас -

Најнови вести