Динамо 44 минути беше рамноправен на „Сан Сиро“, но губи по првото полувреме од Милан

Милан води со 1-0 по првото полувреме против Динамо Загреб, за кој стартери се Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Хрватскиот првак беше резултатски рамноправен 44 минути, а тогаш беше досуден пенал за Милан, кој рутинирано го реализира Оливие Жиру. Со 35 години и 349 дена, Жиру е втор најстар Французин што постигнал гол во ЛШ. Рекордер е Лоран Блан со 36 години и 338 дена.

Во другиот меч од 18.45 часот во Варшава, Шахтар и Селтик си дадоа по еден гол. Шкотите поведоа, а Украинците израмнија.

- Оглас -

Најнови вести