Динамо е апсолутен фаворит, но ако играте на голови, пазете на еден податок

Динамо имаше успешна 2019 година. Модрите повторно станаа прваци во Хрватска, а имаа и добар настап во групната фаза од Лигата на шампиони. Малку фалеше Динамо да се избори за место во нокаут фазата, но на крајот завршија на последната позиција на табелата.

Во шесте меча од Лигата на шампиони, Динамо даде 10 гола, што значи дека беше поефикасен од гиганти како што се Барселона и Борусија Дортмунд. Сепак, кога се работи за мечевите во домашното првенство и тоа кога игра на „Максимир“, Динамо игра многу неефикасно.

Во досегашните осум меча на „Максимир“ Динамо даде само 12 гола, што е најлош биланс за Модрите, откако е самостојна Хрватска. Денеска, Динамо ја пречекува Локомотива Загреб и е голем фаворит за победа, но сепак, оваа статистика покажува дека може да се случи да има малку погодоци. Сепак, традицијата во меѓусебните дуели вели дека Динамо на последните три меча со овој ривал даде дури 10 гола, па гледачите на „Максимир“ може и да се изнагледаат погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести