Динамо гледа спас во капитенот за подвиг против Шериф, Крзнар ги разочара навивачите

Навивачите на Динамо Загреб со нетрпение очекуваа добри вести дека капитенот на тимот, Аријан Адеми ќе може да игра во реваншот против Шериф Тираспољ во обидот да се анулира големата негатива од три гола за пласман во Лигата на шампионите, но тренерот Дамир Крзнар ги разочара.

„Адеми не е комплетно подговен за настап и ќе биде на клупата за резерви. Се надевам дека ќе влезе во игра ако имаме активен резултат“, изјави Крзнар.

Камбекот на Адеми беше потенциран од навивачите како главен адут за евентуален подвиг на Динамо по поразот од 3:0 во Тираспол од Шериф.

Аријан се повреди на дуелот против Омонија во овој квалификациски циклус за Лигата на шампионите и нема играно од 20 јули.

Реваншот во финалето на квалификациите за настап во фазата по групи се игра утре, на „Максимир“ во Загреб, од 21 часот.

Добри вести за Аријан очекуваат и од македонскиот табор за септемврискиот циклус на натпревари на нашата репрезентација во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар што ќе се игра следната година.

На 2 септември играме со лидерот во нашата група, Ерменија, а потоа на петти гостуваме во Исланд. Циклусот во септември го завршуваме со меч против Романија на 8 септември.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести