Победи Вардар, победи и Шкендија, па сега бод го дели најтрофејниот од титула

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го победи Силекс со 2-1 на Националната Арена „Тодор Проески“, но сѐ уште е за бод далеку од освојување на шампионската титула. Ова затоа што и Шкендија ја совлада Струга Трим Лум со 3-1.

Во следното коло, Вардар и гостува на Струга ТЛ, и ако не загуби ќе има шампионско славје.

Цветковиќ го отвори резултатот во корист на Вардар уште во третата минута, а Закариќ од пенал зголеми на 2-0 во 17-тата минута.

Бутуровиќ на почетокот на вториот дел намали на 2-1, но Силекс немаше сили за реми.

Шкендија поведе против Струга ТЛ од пенал зо голот на Красниќи во 25-тата минута, а израмни Јевтоски само шест минути подоцна. Победата за тетовци ја донесоа Ислами со голот во 39-та минута и Мазари со погодокот во 69-та минута.

Пелистер го декласира Шкупи со 7-0 на дуелот во Битола. Филип Петровиќ постигна хет-трик за битолскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести