Динамо и без „лавот“ Адеми ќе ја реши Омонија

6723 Oмонија – Динамо Загреб (18ч, квалификации ЛШ)

Триумфот од 2-0 на „Максимир“ го стави Динамо во поволна позиција да размислува за следното квалификациско коло во ЛШ, но Модрите во реваншот ќе бркаат уште еден позитивен резултат без капитенот Аријан Адеми.

Нашиот репрезентативец се повреди во првата средба минатата недела и ќе паузира уште некој период, додека Стефан Ристовски треба да одговори на дефанзивните задачи за да нема изненадување во Никозија.

Динамо е во многу подобра форма од домаќините, но играчите на Омонија се поодморни бидејќи немаа обврски изминатиот викенд, додека хрватскиот првак триумфираше со убедливи 4-0 против Драговољац во домашното првенство.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.14)

 

6044 Флора – Легија (18ч, квалификации ЛШ)

Резултатот од 2-1 од првиот меч не ѝ гарантира пласман понатаму на Легија, но квалитетот на полскиот тим треба да биде доволен за да се одбрани тоа водство. Легија во меѓувреме влезе во победнички ритам со стартната победа над Плок во полскиот шампионат, што само навестува дека попладнево ќе ја одработи задачата според планот.

Предлог тип: Т2 2+ (1.66)

 

6721 Хелсинки – Малме (18ч, квалификации ЛШ)

Играчите на Хелсинки веруваат дека имаат шанси да го изненадат Малме иако Швеѓаните имаат резултат во своја корист со 2-1 од првата средба. За среќа на домаќините, го најдоа победничкиот ритам пред овој реванш, но Малме е далеку поразигран и очекува да ja оправда благата фаворитска улога.

Досега во четири меѓусебни дуели, Малме има максимален учинок, а токму пред една недела првпат дозволи гол во својата мрежа од Хелсинки, а претпоставките се дека пак ќе се одигра ефикасен меч.

Предлог тип: ГГ (1.67)

 

6724 Жалгирис – Ференцварош (19ч, квалификации ЛШ)

Триумфот од 2-0 на Ференцварош во првиот меч против Жалгирис беше 11-ти во низа ако се сметаат пријателски мечеви од претходно и дуелите од претходната сезона во унгарското првенство.

Унгарскиот гигант не би требало токму вечерва да застане со низата и големи се очекувањата дека ќе избори позитивен резултат и во реваншот, па на сигурен начин да стигне до следното коло од квалификациите.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.95)

 

6748 Севилја – ПСЖ (20ч, пријателски дуел)

ПСЖ ќе се обиде да продолжи со низата победи во својот контролен период, но и Севилја има слични планови да го одржи својот ритам на малку повеќе од две недели до стартот на новата сезона во Шпанија.

Средбата во Алгарве, Португалија, треба да донесе возбудувања и повеќекратно тресење на мрежите. Овие две екипи досега одиграле два меѓусебни дуели, пред 11 години се сретнаа во Лигата на Европа, кога Светците двапати славеа со 1-0 и 4-2.

Предлог тип: 4+ (2.60)

- Оглас -

Најнови вести