Динамо и Црвена ѕвезда презимија во Лигата на Европа, им се приклучија уште осум екипи

Динамо Загреб и Црвена ѕвезда забележаа голем успех и ќе презимат во Европа откако си обезбедија пласман понатму во Лигата на Европа, а им се приклучија и Милан, Лил, Хофенхајм, Антверпен, Тотенхем , Лестер, Брага и Вилјареал по денешните први 12 натпревари од петтото коло.

Пред стартот на последната сеанса мечеви од петтото коло од 21 часот вечерва, пласман во следната фаза имаат обезбедено и Арсенал и Рома, а на прагот да одат понатаму се и Славија, Баер, Глазгов ренџерс, Бенфика и Гранада.

Динамо Загреб одигра нов одличен меч, го декласира Феенорд со 2:0 во Ротердам и си го обезбеди првото место во групата К.

И Црвена ѕвезда оди поанатаму по ремито без голови во Белград против Хофенхајм. На едно коло до крајот двете екипи се сигурни патници за следната фаза.

Милан направи голем пресврт откако губеше со 0:2 против Селтик по 14 минути игра и победи со 4:2 за пласман понатаму. Со Росонерите од Х групата понатаму се пласира и Лил, а и францускиот тим направи пресврт откако губеше со 0:1 против Спарта Прага и победи со 2:1.

Во Европа ќе презимат и двата англиски клуба Тотенхем и Лестер, а место има и за Антверпен и за Брага.

Резултати на дуелите од 18.55 часот:

Феенорд – Динамо Загреб 0:2, Црвена ѕвезда – Хофенхајм 0:0, Милан – Селтик 4:2, АЕК – Брага 2:4, Антверпен – Лудогорец 3:1, ЦСКА Москва – Волфсбергер 0:1, Гент – Либерец 1:2,  ЛАСК – Тотенхем 3:3, Лил – Спарта Прага 2:1, Карабах – Макаби Тел Авив 1:1, Сиваспор – Вилјареал 0:1, Зорја – Лестер 1:0.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести