Динамо испадна од свој поранешен фудбалер, па започнаа навредите на социјалните мрежи

Динамо Загреб доживеа шокантна елиминација од Лигата на шампионите, откако прими два погодоци во судиското надополнување на времето од АЕК Атина.

Посебно болен е оној вториот кој го постигна Домагој Вида, нивниот поранешен фудбалер. Тоа беше знак уште веднаш да започнат навредливите коментари на социјалните мрежи. “Нападнати“ беа сите страници кои го содржат името на хрватот, но навивачите не беа ниту свесни дека Домагој Вида нема социјални мрежи и воопшто не ги користи и сите упатени навреди беа кон неговите фан страници кои воопшто и не допираат до хрватот.

Вида го носеше на дресот на Динамо Загреб од 2011-тата до 2013-тата, откако беше купен од Баер Леверкузен, а потоа продаден на Динамо Киев.

Репрезентацијата на Хрватска на 8-ми септември ќе игра квалификациски натпревар против Летонија, па интересно ќе биде да се види реакцијата на навивачите на Динамо кога Вида ќе го облече дресот со “шаховницата“, но веројатно дефанзивецот имаше “среќа“ бидејќи дуелот ќе се игра во Ријека, а не во Загреб.

- Оглас -

Најнови вести