Динамо ја елиминираше Легија во пеколот во Варшава, бугарскиот подобар од грчкиот првак

Динамо Загреб ќе игра во плејоф фазата за пласман во Лигата на шампиони откако успеа да ја победи Легија во Варшава со 1:0,  во реванш мечот. Првиот дуел во Загреб заврши 1:1, но Модрите покажаа квалитет и пред полн стадион и жешка атмосфера, успеа да победи на гости.

Играчот за врска Бартол Фрањиќ е херојот на Динамо, постигнувајќи го единствениот гол на мечот, уште во 20 минута. Легија напаѓаше да израмни, но гостите во чии редови цел меч го одигра Стефан Ристовски, успеаа да се одбранат. Во следната фаза Динамо ќе игра со Шериф од Молдавија, кој успеа да ја елиминира Црвена Ѕвезда.

Највозбудливо во денешните мечеви беше во Разград каде Лудогоред дури по подобро изведување на пенали го елиминираше Олимпијакос. По првиот меч во Атина беше 1:1, а на реваншот во Бугарија по 90 минути беше 2:2. Во дополнителните 30 минути немаше голови, па мораа да се шутираат пенали. Во пенал рулетот, играчите на Лудогорец ги погодија сите четири пенали кои ги изведоа, додека гостите промашија два од трите шута и тоа значеше крај за нив.

Малме со пресврт во второто полувреме го победи Ренџерс во Глазгов со 2:1. Подвигот на гостите е поголем затоа што во првото полувреме кога губеа со 1:0, останаа и со играч помалку, но сепак успеаа да направат пресврт.

Бенфика, Јанг Бојс, Монако и ПСВ Ајндховен немаа проблеми и лесно го елиминираа своите ривали.

 

- Оглас -

Најнови вести