Динамо освои голем бод во Украина, Атлетико си победи по свој рецепт

Аријан Адеми стисна заби и покрај повредата одигра нешто помалку од 70. минути во Харков, а неговиот тим Динамо освои голем бод против Шахтар со реми 2:2.

Адеми повторно ја обнови повредата на скочниот зглоб и беше заменет во 68. минута од играта. Шахтар поведе со голот на Коноплјанка, а израмни Дани Олмо, за нерешено по првото полувреме.

Во 60. минута го видовме чудниот пенал за гостите од Загреб, а виновник беше голманот на Шахтар Андреј Пјатов. Првиот чувар на мрежата на украинскиот првак и на репрезентацијата направи глуп потег, го фаулираше Гаврановиќ во ситуација што не беше опасна за гол, а потоа се обиде да изглуми дека тој е фаулиран.

По прегледување на моментот со помош на Вар системот беше досуден пенал за Динамо, а Мислав Оршиќ погоди за 1:2. Гостите не успеаја да издржат и да ја прекинат серијата од 10 меча без победа против украинските клубови а Додо со го му донесе еден бод на Шахтар.

Атлетико Мадрид го победи Баер Леверкузен по свој рецепт, Со еден гол во второто полувреме, што го постигна Алваро Мората популарните „јорганџии“ славеа со 1:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести