Динамо Загреб со 3:1 победи на гости кај Хајдук Сплит, во вечното дерби на хрватскиот фудбал. Ова беше меч од 33 коло, а Динамо со победата сега е лидер на табелата со 58 бодови. За Хајдук ова е трет пораз по ред и остана на 56 бодови, што е доволно за третото место на табелата. Ријека која има 56 бодови на второто место, утре ќе игра на свој терен против Горица и со победа може да ја преземе лидерската позиција.
На дербито на „Пољуд“, немаше голови во првото полувреме, а на почетокот од вториот дел гостите поведоа со 1:0. Ливаја израмни во 56 минута, а во 64 минута нова радост за гостите и водство на Динамо донесе Куленовиќ. Во 90+13 минута беа решени сите дилеми кога Динамо го постигна и третиот погодок за потврда на победата.
Кај Хајдук во 83 минута во игра влезе Александар Трајковски, додека кај Динамо, Стефан Ристовски ја имаше капитенската лента и беше предводник на Модрите во победата над вечниот ривал Хајдук.