Динамо Загреб донесе одлука која го разочара Адеми

Хрватскиот шампион Динамо Загреб го одреди списокот на фудбалери кои ќе играат во нокаут-фазата во Лигата на конференции и приреди големо изненадување бидејќи на него го нема легендарниот капитен на Модрите и македонски репрезентативец.

Тренерот на Динамо, Сергеј Јакировиќ до вчера мораше да го предаде конечниот список на фудбалери кои ќе играат во третото по квалитет европско клупско натпреварување, на него се наоѓаат 25 имиња, имаше можност да додаде три нови фудбалери кои не играа во првиот дел од сезоната, но сепак, одлучи да не го пријави Аријан Адеми.

Динамо Загреб во осминафиналето од Лигата на конференции ќе игра против Бетис, а првиот дуел ќе се игра на 15 февруари во Севиља.

- Оглас -

Најнови вести