Динамо Загреб елиминиран од Шибеник во Хрватскиот куп!

Шибеник е прв финалист во Купот на Хрватска во фудбал. Тимот од градот на Јадранското море го шокира Динамо Загреб со 2-1 и се пласира во финалето во кое ќе се сретне со Хајдук или Славен Белупо.

Модрите од Загреб, кои беа големи фаворити, поведоа уште во прва минута и можеби помислија дека ќе имаат лесна работа, но ако беше така, се излажаа. Домашните најпрвин изедначија на 20-тина минути до крај, а сензацијата беше комплетирана во 93-та минута со голот на Дује Чоп.

Стефан Ристовски го одигра целиот меч за Динамо.

 

- Оглас -

Најнови вести