Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда не минаа лошо на ждрепката, имаат шанси за настап во ЛШ (Фото)

Динамо Загреб ќе има нешто потешка задача од Црвена Ѕвезда во евентуалниот плејоф, или завршен чекор во квалиффикациите за настап во Лигата на шампионите, спотред ждрепката што се одржа точно напладне во Нион.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски со своите соиграчи би играле против Бодо Глимт, или Жалгирис, ако во двомечот што почнува денеска го елиминираат Лудогорец.

Црвена Ѕвезда најпрво треба да го елиминира Пјуник од Ерменија, за да игра со Макаби Хаифа, или со Аполон од Кипар.

Еве ги двојките што беа извлечени во Нион за плејофот по кој победниците ќе играат во ЛШ:

Пат на шампионите

Карабах/Ференцварош – Шериф/Плзењ

Бодо Глимт/Жалгирис – Лудогорец/Динамо Загреб

Макаби Хаифа/Аполон – Црвена Ѕвезда/Пјуник

Копенхаген – Трабзонспор

На популарниот „League Path“ има само два пара и ждрепката во Нион одлучи победникот од двомечот меѓу Динамо Киев и Штурм да игра со подобриот од двомечот Бенфика – Митјиланд и Унион Сент Жилоа, или Глазгов ренџерс против Монако, или ПСВ Ајднховен за место во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести