Барселона е пред освојување на титулата во Ла Лига во директен дуел против Реал Мадрид и за целта ѝ е доволен и нерешен резултат. Сепак, доколку слави победа, каталонците ќе се израмнат со Kралскиот клуб по број на победи во историјата на Ел Класико.
Во моментов, Реал Мадрид има минимална предност со 106 победи, наспроти 105 на Барселона, додека 52 натпревари завршиле без победник.
Последните директни пресметки се во знакот на каталонците, кои под водство на Ханsи Флик освоија три финалиња против големиот ривал — двe во Суперкупот (2-5 и 3-2) и еднo во Купот на Кралот (3-2), решен со голот на Жул Кунде во продолженијата.
Иако Барселона има благо заостанување во вкупниот број на голови во Ел Класико (439 наспроти 444 за Реал Мадрид), во последните десет меѓусебни дуели билансот е израмнет — по пет победи за секоја страна.
Сепак, гол-разликата во тој период оди во корист на каталонците, кои имаат 24 постигнати погодоци наспроти 20 на мадриѓаните, што дополнително ја засилува драмата пред новото големо Ел Класико.

