Динамо Загреб има повеќе фудбалери во полуфиналето на СП од Реал Мадрид и ПСЖ

Репрезентацијата на Хрватска заедно со Мароко се вистински хит на Светското првенство бидејќи обезбедија палсман во полуфиналето, а Коцкестите кои на Мундијалот дојдоа како актуелни светски вицешампиони, во четвртфиналето го елиминираа најголемиот фаворит за трофејот, Бразил.

Успехот на Хрватска добива на тежина и поради тоа што во репрезентацијата има дури шест фудбалери кои настапуваат во хрватската лига, а четворица од нив го носат дресот на шампионот Динамо Загреб.

Покрај голманот Доминик Ливаковиќ кој беше херој против Бразилците, Мислав Оршиќ и Бруно Петковиќ кои ја организираа акцијата за израмнувачкиот гол, се членови на Динамо Загреб, додека Јосип Шутало остана на клупата.

Во полуфилните натпревари, Динамо Загреб ќе биде четвриот тип по бројност на играчи, веднаш зад Баерн, Севилја и Атлетико Мадрид. Тоа е голем успех за хрватскиот тим бидејќи има повеќе играчи во завршницата на Мундијалот од гиганти како Реал Мадрид и ПСЖ кои ќе бидат застапени со по тројва фудбалери.

Највеќе фудбалери во полуфиналето ќе има Баерн Минхен, дури шест и тоа Насер Мазрауи (Мароко), Кингсли Коман, Лукас Ернандез, Бенжаман Павар и Дајот Упамекано (Франција), Јосип Станишиќ (Хрватска).

Следува Севиља со пет играчи: Боно и Јусуф Ен-Несири (Мароко), Маркос Акуња, Гонзало Монтиел и Папу Гомез (Аргентина).
Атлетико Мадрид исто така има пет полуфиналисти: Нахуел Молина, Анхел Кореа и Родриго де Пол (Аргентина), Антоан Гризман (Франција), Иво Грбиќ (Хрватска).

- Оглас -

Најнови вести