Динамо Загреб на чекор до ЛШ, Црвена ѕвезда во Белград ќе бара пласман во елитното европско друштво

Хрватскиот првак Динамо Загреб на својот стадион „Максимир“ убедливо со 3:0 го победи Карабак во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите. Популарните Модри во реваншот сега треба само рутински да одработат, па да може да го слават деветиот пласман во групната фаза од елитното натпреварување на УЕФА.

Марко Пјаца донесе радост за домашните навивачи откако од втор обид погоди во 29-тата минута за предност на Динамо од 1:0. Овој погодок може да го видите ТУКА.

Гостите од Азербејџан играа отворено, напаѓаа, шутнаа дури 15 пати кон голот на Динамо, но ниеднаш не беа прецизни. Неефикасноста на гостите беше казнета во поседните 15 минути од мечот. Сандро Куленовиќ, кој во игра влезе во второто полувреме, се претвори во херој.

Најпрво во 75-тата минута Куленовиќ погоди за 2:0, а пет минути подоцна истиот играч беше прецизен и за 3:0. Единствен лош момент за Динамо е повредата на македонскиот интернационалец Стефан Ристовски, кој го напушти теренот само по 20 минути игра. Првичните најави се дека Ристовски има повреда на мускулот на ногата.

Српскиот првак Црвена ѕвезда загуби на гости кај Бодо/Глимт во Норвешка, но тоа е солиден резултат за Црвено-белите кои во реваншот на свој терен ќе се обидат да ја анулираат негативата.

Бодо/Глимт со головите во 52-рата и 62-рата минута стигнаа до предност од 2:0, но гостите од Белград со погодокот на Миминовиќ стигнаа до 2:1, што е резултат кој им дава надеж дека на „Маракана“ во Белград ќе ја анулираат негативата.

Во третиот меч кој се играше вечерва, Лил со 2:0 ја победи Славија Прага.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести