Ролан Гарос донесе одлука која ќе ги израдува Ѓоковиќ и останатите тениски ѕвезди

Останува точно еден месец до почетокот на вториот гранслем-турнир за оваа сезона, Ролан Гарос во Париз. Челниците на овој турнир решија да сопрат со контоверзната практика поради која имаше големи рекации на почетокот на оваа сезона во Австралија.

Од Ролан Гарос и официјално потврдија дека на следниот турнир во Париз нема да бидат инсталирани дополнителни камери во „бекстејџ зоната“, со што го послушаа барањето на светските тениски ѕвезди дека на тој начин им се нарушува приватноста.

Сè започна кога на Отвореното првенство на Австралија во јануари оваа година, младата американска ѕвезда Коко Гоф по поразот од Елина Свитолина во лутина дури седумпати го удри рекетот од подот. Тоа се случи во посебна просторија наменета за тенисерите и тенисерките. Гоф верувајќи дека има приватност и дека е далеку од очите на јавноста, реши да ја искаже својата лутина врз рекетот.

Сепак, многу брзо тоа видео стана вирално на социјалните мрежи и го виде целата светска јавност. Тогаш тенисерите и тенисерките реагираа и застанаа во одбрана на Гоф барајќи да имаат повеќе приватност и да нема камери на секој чекор каде што ќе бидат.

„Изненадени сме зошто нема камери и во туш кабините додека се тушираме“, тогаш иронично реагираше Ѓоковиќ.
Оваа одлука да се тргнат камерите од тие зони ја поддржаа и организаторите на Вимблдон и Отвореното првенство на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести