Динамо Загреб во јануари би можело да заработи дури 70 милиони евра?!

Динамо Загреб во претстојниот јануари може да има најбогат преоден рок во клупската историја и клупската каса да се наполни дури со 70 милиони евра.

Голманот Доминик Ливаковиќ, кој се прослави со одбраните на СП во Катар, може да биде продаден за 15 милиони евра, за десет милиони може да се пресели напаѓачот Бруно Петковиќ, додека Јосип Шутало е пред трансфер во Лајпциг за 20-тина милиони евра.

Шутало го чека расплетот на ситуацијата со Јошко Гвардиол и Лајпциг. Ако Гвардиол биде продаден, тоа ќе биде двоен ќар за Динамо бидејќи на Модрите ќе им припаднат 20 проценти од сумата за која Лајпциг ќе го продаде одличниот млад дефанзивец.

Ако Гвардиол си оди за рекордни 100 милиони, Динамо би добил нови 17 до 20 милиони евра.

Хрватскиот првак се надева и на трансфер на Дани Олмо од Лајпциг бидејќи и тука имаат 20 проценти. Ако Олмо се продаде за 50-тина милиони, Динамо би лапнал 7-8 милиони.

- Оглас -

Најнови вести