Динамо Загреб знае да ги цени своите играчи и одби понуда за Оршиќ од тим во Премиер лигата

Динамо Загреб е добро познат како клуб кој што знае добро да заработи од продажбата на своите фудбалери.

Изминатава деценија ипол, „модрите“ заработија стотици милиони евра со паметното тргување на трансфер пазарот, а таквата практика продолжува и понатаму.

Мирослав Оршиќ е еден од најдобрите играчи во клубот а екипата на Барнли била заинтересирана за неговите услуги. Премиерлигашот е подготвен да плати седум милиони евра за услугите на напаѓачот, но, оваа понуда е одбиена од страна на хрватскиот првак.

Динамо наводно е отворен за преговори, но очекува многу повисока сума за играчот кој што на 100 натпревари има постигнато 40 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести