Динамо знае да продава, ама и да купува скапо: донесоа играч од Серија А!

Динамо Загреб во своите редови го донесе Бошко Шутало, фудбалер кој е капитен на младинската репрезентација на Хрватска и играч кој досега беше член на италијанската Аталанта, а сезонава настапуваше како позајмен за Верона.

Шутало денеска потпиша петгодишен договор со Модрите. Не се знае точно за колкава сума Динамо го купи Шутало, но станува збор за неколку милиони евра. Клубот кој е познат по скапа продажба на своите играчи, покажа дека знае и да потроши пари за доведување засилување.

 

- Оглас -

Најнови вести