Дино Раџа му ја исполни роденденската желба на синот, а потоа се случи и една интересна фотографија

Некогашниот хрватски кошаркар Дино Раџа преку социјалните мрежи откри како успеал да се запознае со Лионел Меси, а потоа и да се фотографира со него. Фотографијата насмеа многумина, бидејќи Меси изгледаше како дете покрај Раџа. Покрај Раџа и Меси, на фотографијата е и најмалиот син на поранешниот хрватски кошаркар.

Раџа откри како дошло до тоа тие да се запознаат со Меси. На најмалиот син му било роденден и требало да одбере желба што сака да добие. Детето кое е голем вљубеник во фудбалот посакал да се запознае со Лионел Меси. Тогаш Дино Раџа ја започнал мисијата како да му ја исполни желбата на синот.

Среќа за Раџа е тоа што во Барселона е и хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ, па откако бил направен контакт со популарната „ракета“, Дино и синот допатувале во Барселона. Најпрво синот на Раџа се запознал со Ракитиќ, а потоа следувало и изненадувањето, а тоа е запознавањето со Лионел Меси. И од двајцата фудбалери на Барселона, малиот Раџа добил дресови, но и фудбалска топка потпишана од сите играчи на Барселона.

Дино Раџа бил изненаден од тоа колку Меси делувал природно и не се однесувал како ѕвезда.

„Меси беше насмеан и добро расположен. Воопшто не се однесуваше како ѕвезда. Токму онаков каков што делува на телевизија. Уште еднаш големо благодарам до Иван Ракитиќ. Синот не престана да зборува за ова преубаво искуство“, открива Раџа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести