Денешното излвлекување на квалификациските групи за СП 2022 донесе прилично интересна група Б. Таму се наоѓа фаворитот Шпанија, со Шведска, Грузија, Грција и Косово.
Тука се случува дипломатски хаос, ако се знае дека три земји не го признаваат Косово. Шпанските медиуми веднаш го потенцираа овој факт, Мадрид, Тбилиси и Атина никогаш не го признаа Косово, додека само Шведска гледа во Косово како самостојна држава.