Директор на Борусија: Се обложувам во 100 евра дека Халанд ќе остане

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, изјави дека клубот планира да го задржи својот голгетер Ерлинг Халанд, иако многу европски гиганти се интересираат за норвешката суперѕвезда.

„Раководството на клубот се обидува да му објасни на играчот дека Борусија уште е најдобриот клуб за него и дека тој може да се развива заедно со нас. Можеби ќе успееме да го убедиме. Клубот ќе се бори за Ерлинг. Би се обложил во 100 евра дека тој ќе остане кај нас“, вели Кел.

Договорот на Халанд со Борусија е до јуни 2024 година. Во договорот има откупна клаузула од 75 милиони евра, а според порталот Transfermarkt.com, Халанд вреди 150 милиони. Сезонава Халанд на 10 меча има 13 гола и 4 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести