По заминувањето на Роберт Левандовски, во Барелона одлучија да купат не еден, туку двајца нови офанзивци. Едниот е Ентони Гордон од Њукасл, а другиот сакаат да биде Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид.
Аргентинецот исто така е расположен да премине во актуелниот шпански првак, па веќе има преговори за трансферот кој би требало да чини над 100 милиони евра.
Спортскиот директор на Барселона, Деко, вчера се сретна со агентите на Хулијан Алварес – Фернандо Идалго, Енди Бара и Хуанма Лопес. Атлетико Мадрид тврди дека сè уште не добиле никаква понуда и сметаат на Хулијан во иднина.
Ако го купи Хулијан, Барса ќе мора да продаде некои од своите играчи, како Олмо, Балде, Кунде, се спомнува дури и Рафиња. Барселона сака да го комплетира договорот за Алварес пред почетокот на Светското првенство, каде што Аргентина го игра својот прв натпревар против Алжир на 17 јуни.

