Директорот на Јувентус откри дали ќе го продаде Влаховиќ

Новиот спортски директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, кој дојде од Наполи, за италијанските медиуми откри дали ќе го продаде напаѓачот Душан Влаховиќ ова лето.

Српскиот репрезентативец веќе ги договори личните услови со ПСЖ, а Џунтоли изјави дека напаѓачот ќе си замине од Торино, само под еден услов.

„Влаховиќ е дел од нашиот проект и не е за продажба. Но, ако дојде голема понуда, мора да седнеме и да размислиме за неа“, изјави Џунтоли.

Италијанските медиуми сметаат дека оваа изјава е најава за трансферот на Влаховиќ во ПСЖ кој откако испадна од трката по Хари Кејн, се сврте токму кон играчот на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести