Дисингер и Карачиќ ги „раскараа“ сестрите Андоновски (ФОТО)

Кристијан Дисингер и Игор Карачиќ уште се „врзани“ за Македонија иако не се веќе членови на Вардар. Карачиќ, кој игра за екипата на Кјелце, е во брак со Душица, додека, пак, Дисингер, кој игра за Динамо Букурешт, е во врска со нејзината сестра, Марија Андоновска.

Интересно е што овие двајца ракометари со своите екипи денеска ги одмерија силите, а на победата се радуваше Динамо Букурешт (32:29). Сепак, најинтересен момент за одбележување беше кога камерманот ги фати сестрите во кадар, каде што Марија и дефинитивно имаше повеќе мотиви за радост.

- Оглас -

Најнови вести