Србија го преживеа Веспрем, Грција и Италија направија изненадувања

Ракометната репрезентација на Србија успеа да го „преживее“ Веспрем и со минимален пораз да се пласира на Светското првенство во Германија. Унгарија славеше со 31-30, но тоа не беше доволно да се надополнат двата гола негатива од првиот меч во Ниш.

Големо изненадување приреди и селекцијата на Грција, која успеа да ја елиминира Холандија, а Италија надополни негатива од три гола и преку Швајцарија дојде до билет за ракометниот Мундијал.

На Светското првенство ќе дебитираат Фарските Острови, кои двапати славеа над Босна и Херцеговина, а со две победи над Црна Гора на шампионатот во Германија патува и Словенија.

Преку европските квалификации пласман на ракометниот Мундијал обезбедија и Франција, Шпанија, Норвешка и Полска, секако и селекцијата на Македонија.

Ждрепката ќе се одржи на десетти јуни во Минхен.

- Оглас -

Најнови вести