Шарл Леклер и Луис Хамилтон од Ферари нема да освојат бодови за трката во Кина, иако завршија на петто односно шестото место на Формула 1 трката во Шангај.
Непосредно по завршувањето на трката, ФИА информираше дека отворила истраги за болидите на тројца возачи поради прекршувања на одредени правила поврзани со тежината на болидите. Дисквалификација заработија двата пилоти со болиди на Ферари, како и Пјер Гасли од Алпин.
Леклер и Гасли се казнети затоа што нивните болиди биле полесни од потребното, додека проблемот кај Хамилтон бил со прекумерно абење на плочата на подот на болидот, па тој дел бил нешто потенок од пропишаните 9 милиметри.
Сега петтото место му припадна на Окон, шести е Антонели, седми е Албон, а поени освоија уште Берман, Строл и Саинс.