До 15 часот е последната шанса сезонава за типување на Спортска прогноза

Ги одбројуваме последните часови во кои може да се типува во последното коло на петтата сезона од бесплатната игра Спортска прогноза.

До 15 часот е последната шанса да се приклучите на големото друштво прогнозери кои веќе се изјаснија, а ако сте типувале, до 15 часот може и да ги менувате прогнозите.

Во основната понуда има парови кај кои прогнозерите си имаат своите фаворити, а има и такви каде поделеноста меѓу прогнозерите е голема.

За погодени 13 пара, следува главната премија, а тоа е избор од трите понудени подароци: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет или X Box Series X.

За 12 погодоци следува подарок вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката вреди ваучер од 500 денари.

Победникот во генерален пласман добива ваучер од Анхоч во вредност од 30.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести