До ЕП 2020 има уште седум месеци, а Лев уште сега е песимист

Репрезентацијата на Германија утре ќе го одигра последниот меч од квалификациите за ЕП 2020, по кој ќе се потврди пласманот на Панцерите. Во Франкфурт гостува селекцијата на Северна Ирска, а во пресрет на мечот Јоаким Лев ги одреди фаворитите за освојување на европскиот пехар.

За фудбалска земја која секогаш атакува на титули, изјавата на Лев нема да им се допадне на германските поддржувачи, особено што до стартот на Европското првенство има уште седум месеци.

„Селекциите како Англија, Франција, Шпанија, Белгија и Холандија се пред нас. Тие го завршија процесот на смена на генерации, па затоа имаат поголеми шанси да го освојат континенталното првенство. Мислам дека моментално ние не сме на нивно ниво“, посочи Лев.

Германија чека на европска титула од 1996 година, додека последен трофеј кој го освои беше на Мундијалот во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести