До лани играше за Англија, а сега е најмлад германски стрелец во последните 110 години

Големиот фудбалски талент Џамал Мусијала синоќа во Скопје го постигна својот прв гол во дресот на германската репрезентација и стана најмлад стрелец во историјата на бундестимот на официјален меч.

Мусијала има 18 години, 7 месеци и 15 дена, а помлад стрелец за Германија од него бил само Мариус Хилер на пријателски меч со Швајцарија игран дури пред 110 години, кога Хилер имал 17 години и 241 ден.

Мусијала летоска на ЕВРО 2020 стана и најмлад Германец во историјата кој настапил на големо натпреварување. Но, интересно за младата ѕвезда на Баерн Минхен и најмлад стрелец во историјата на баварскиот гигант е тоа што тој до лани играше за младинската репрезентација на една друга земја, тоа е Англија.

Мусијала е роден во германскиот град Штутгарт, татко му е Нигериец со британски пасош, а мајка му е Германка. Џамал до својата седумгодишна возраст живееше во Германија, а потоа се преселија во Англија, каде што ги направи и првите фудбалски чекори. Тој од 2011 до 2019 година беше во академијата на Челзи, играше за селекциите на Англија до 15, 16, 17 и 21 година, но одбра да игра за сениорската репрезентација на земјата во која е роден, иако имаше право да игра и за Нигерија и за Англија.

- Оглас -

Најнови вести