До пред четири години беа најдобри другари и играа за иста репрезентација, а синоќа беа еден против друг (Фото)

Талентираните фудбалери Џамал Мусијала и Џуд Белингем се долгогодишни блиски другари, а иако како јуниори играа за иста репрезентација, синоќа имаа прилика како сениорски репрезентативци да заиграат еден против друг.

Додека играа за младинските селекции на Англија, тие спиеја во иста соба, а синоќа не им беше првпат да заиграат еден против друг, се сретнале во различни дресови на клупска сцена (Белингем е во Борусија, Мусијала во Баерн), но ова беше нешто посебно.

Мусијала реши да игра за сениорскиот национален тим на родната Германија, па во иднина би можеле да станат и ривали со Белингем.

- Оглас -

Најнови вести