До пред неколку месеци вежбаше пенали и слободни удари, сега пушката му е „најдобар другар“ (Фото)

Сон Хеунг-мин, еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем во изминативе неколку години, сигурно се наоѓа во одлична физичка подготвеност и покрај фудбалската пауза. По принудната пауза поради корона-вирусот, Сон реши да се врати во родната Јужна Кореја и да го отслужи задолжителниот воен рок.

Фудбалерот е ослободен од целосно служење на воениот рок затоа што лани со својата репрезентација стигна до златниот медал на Азискиот куп, но сепак мора да ги помине задолжителните три недели обука. Наместо дружење со топката, Сон е со пушката на рамо, а беше фотографиран додека се враќал од стрелиште заедно со остантите војници.

Уште малку и ќе заврши периодот за обука на Сон во армијата и тој ќе може да се врати во Англија, каде што сигурно ќе го чека двонеделен карантин.

Тоа би било трет карантин од по 14 дена за Сон откако започна пандемијата со корона-вирусот, но ако се знае дека уште нема абер за продолжување на мечевите од Премиер лигата, нема да биде проблем репрезентативецот на Јужна Кореја да отседи уште две недели во самоизолација.

- Оглас -

Најнови вести