Доаѓаат подобри денови за Елиф Елмас во Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, нема намера да го продаде македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Првиот човек на клубот во Елмас гледа една од основите врз кои ќе се гради тимот во следната сезона, заедно со Мерет, Оспина, Ди Лоренцо, Манолас, Марио Руи, Зјелински, Деме, Лоботка, Лозано и Милик.

Ова е листа на играчи кои имаат ентузијазам за играње во Наполи и заедно со новото засилување Рахмани ќе останат и ќе се обидат да го задржат Кулибали, а клубот во летниот преоден рок ќе купи играчи. Местата на Луперто, Хусај, Инсиње и Максимовиќ се неизвесни, а на листата за продажба ќе бидат ставени Алан, Фабијан, Јунес, Гулам, и Љоренте, а клубот ќе го напуштат и Мертенс, Калјехон и Тонели.

Тренерот Џенаро Гатузо не го става Елмас во почетниот тим, но веројатно ќе почне да го прави тоа. Вечерва е шансата, во куп-мечот против Лацио, особено што ќе го нема Алан. Бразилецот кому Гатузо многу му веруваше и го форсираше пред Елмас, не е на листата за мечот со Лацио поради некаква сомнителна повреда. Се шпекулира дека вистинската причина е што на Гатузо не му се допаѓа однесувањето на Алан во последно време и решил да го изостави.

- Оглас -

Најнови вести