Доаѓањата на Погба и Ди Марија се само најава за најголемиот трансфер летово во Јувентус

Јувентус минатата сезона ја заврши без ниту една титула, што беше знак за вклучување на алармот кај челниците на клубот. Најтрофејниот италијански клуб е многу активен во овој преоден рок и веќе доведе две екстра докажани фудбалери. Пол Погба се врати во Торино, додека за прв пат „црно-белиот“ дрес ќе го облече Анхел ди Марија.

Погба и Ди Марија се играчи кои знаат како се освојуваат трофеи, а тоа што е многу значајно за Јувентус е дека двајцата дојдоа како слободни фудбалери, што значи дека не платија ниту едно евро за нивните трансфери.

Покрај Погба и Ди Марија, во Јувентус се очекува летово да биде направен уште еден голем трансфер, а тоа е доведување на Николo Заниоло од Рома.

Заниоло има активен договор со Рома и доколку Јувентус сака да го доведе, според италијанските медиуми, ќе треба да плати меѓу 45 и 50 милиони евра како оштета која ќе заврши на светката на Римската волчица. Постои опција и Заниоло да дојде како позајмен игра за сума од 10 милиони евра, а потоа да може да го откупи договорот за дополнителни 30 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести