Добар му е планот на Јувентус – На продажба е Коста, ќе го купат опасниот стрелец од Премиер лигата

Јувентус има добар план и сака да го продаде Даглас Коста за сума од околу 40 милиони евра и потоа да го купи опасниот стрелец од Премиер лигата, Раул Хименес.

Шпицот на Вулверхемптон во континуитет игра одлично во англиското првенство и вкупно за две сезони постигна 30 голови во Премиерлигата.

Мексиканскиот репрезентативец треба да биде замена за Гонзало Игуаин, кој сигурно ќе ги напушти редовите на актуелниот италијански првак, а раководството на Старата дама гледа идеална замена за него во Хименес.

Мексиканскиот репрезентативец моментно е на делба на петтото место на листата со најдобри стрелци во Премиер лигата со 17 голови.

За Коста се заинтересирани ПСЖ и Манчестер сити и ако некој од овие две екипи го купи Бразилецот, тогаш Јувентус речиси сигурно ќе се поднови со нов шпиц и тоа од редовите на англиските Волци.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести