Добар план на Арсенал – Доаѓа трилинг за кој не се плаќа отштета

Бразилецот Вилијан од Челзи е приоритет за раководството на Арсенал во летниот преоден рок, а топчиите сакаат да ангажираат уште двајца фудбалери за кои не се плаќа отштета.

На Вилијан му истекува договорот ова лето и како слободен играч постои можност да не го менува градот, а да го смени клубот и од Челзи да се пресели во редовите на Арсенал.

Артета планира да ги доведе и Рајан Фрејзер од Борнмут и Лајвин Курзава од Пари Сен Жермен. И двајцата имаат ист статус како и Вилијан и ќе бидат слободни агенти во летниот преоден рок.

Арсенал сака да го задржи Себалјос, кој игра како позајмен фудбалер од Реал Мадрид и да го ангажира Феран Торес од Валенсија, но за него „лилјаците“ бараат отштета од 100 милиони евра, па прашање е дали „топчиите“ можат да платат толкава сума на пари.

Ангажманот на Торес зависи и од пласманот на Арсенал во Премиерлигата, односно дали ќе успеат да направат подвиг и да се пласираат во Лигата на шампионите, ако англиското првенство воопшто продолжи и заврши сезонава.

- Оглас -

Најнови вести