Доби 10-годишна суспензија откако одби да се натпреварува со Израелец на Олимпијадата во Токио

Алжирскиот џудист Фети Ноурин доби 10-годишна суспензија од Интернационалниот олимписки комитет. Ваквата казна ја доби откако одби да се натпреварува против Израелецот Тохар Бутбул на последната Олимпијада што се одржа во Токио.

Ноиурин на ваков потег се одлучи поради политичката ситуација измеѓу Израел и Палестина, а пред донесувањето на одлуката се огласи и самиот џудист.

„Напорно се подготвував за Олимпијадата, но тоа што ѝ го прави Израел на Палестина е многу поголемо од настап во Токио. Сакам да му покажам на светот дека неправдата не смее да се премолчува“ рече Ноурин.

Ваквата одлука на ИОК значи дека Алжирецот може да се збогува со активното натпреварување на џудо-турнирите бидејќи по истекувањето на казната, тој ќе има 40 години.

- Оглас -

Најнови вести