Доби отказ само по 13 меча поради суровите методи

Габриел Хајнце, некогашниот играч на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, само по седум месеци на клупата на Атланта јунајтед доби отказ, но не поради лошите резултати, туку поради суровите методи.

Според американските медиуми, Хајнце многу лошо ги третитал своите фудбалери, како на пример им ограничувал количина на вода за време на тренинзите, додека играчите често биле исцрпени по секој тренинг и редовно добивале интервенција од лекарите.

Исто така, аргентинскиот стратег од нив барал цело време да бидат достапни на телефон за да може да ги повика во тренинг-центарот кога ќе посака, па управата немала друг избор освен да го разреши.

Инаку Хајнце не може да се пофали и со посебно добри резултати во сезоната 2021 во МЛС-лигата. Атланта е на 10-тото место на табелата во Источната конференција само со две победи, седум ремија и четири порази.

- Оглас -

Најнови вести