Доби пенал за победа во 96-тата минута, но… (Видео)

Дуелот меѓу Кантола и Спортинг Кристал во перуанското првенство беше еден од највозбудливите. Дуелот заврши 2:2, а три од четирите погодоци беа постигнати во растојание од само три минути.

Домаќините добија и два црвени картони, но на крајот успеаја да освојат бод, и тоа благодарение на нивниот голман. Во 96-тата минута беше досуден пенал за Спортинг Кристал, а Јошимар Јотун, кој беше стрелец на еден погодок за гостите, реши да го изведе ударот од белата точка.

Се обиде на атрактивен начин со Паненка да погоди од 11 метри, но голманот на домаќините ја прочита неговата намера и успеа да го одбрани ударот, за голема радост на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести