Доби црвен картон против Реал и од соблекувалната веднаш упати порака до судијата

Реал Мадрид славеше во дербито на гостувањето кај Севилја со 2:1, а освен трите погодоци, дуелот го одбележа и црвениот картон кој го доби Маркос Акуња. Се играше 83 минута кога Акуња остро стартуваше над Дани Себалјос, а судијата без многу размислувања му даде директен црвен картон на фудбалерот на домашните.

Играчите на Севилја жестоко реагираа на оваа одлука, но арбитарот остана доследен и не ја смени одлуката, па Аргентинецот мораше предвреме да го напушти теренот.

https://twitter.com/i/status/1662553948115312646

Само што го напушти теренот и влезе во соблекувалната, Акуња испрати порака преку социјалните мрежи, која сега е главна тема во шпанските медиуми.

„Стана тешко да се игра против 12 фудбалери“, беше пораката од Акуња, кој ризикува да добие казна поради ваквиот коментар.

- Оглас -

Најнови вести