Добивка на викендот: Побогат е за 1,2 милиони долари благодарение на Тајгер Вудс

Тајгер Вудс уште еднаш докажа зошто е најдобар голфер на сите времиња откако викендов го освои Мастерс турнирот. Победата на Вудс е спектакуларна бидејќи успеа да направи едно од најголемите враќања во историјата на спортот.

Легендарниот Вудс низ годините го имаше освојувано овој Мастерс во 1997, 2001, 2002 и 2005 година, а сега речиси по една и пол деценија го повтори тој успех. Да биде уште поневеројатно, во петокот Вудс беше при дното од табелата и беше неверојатно да се направи чудо.

Сепак, еден обложувач веруваше во Вудс. Тој вожил 85.000 долари иако шансите за победа на Вудс биле со коефициент 14. Дека повеќе од две децении е во самиот врв на овој спорт, Вудс покажа со неверојатниот пресврт, кога успеа да ги помине сите ривали и на крајот да заврши како шампион на Мастерсот. За Американецот ова е вкупно 15-та титула на големите натпреварувања.

 

- Оглас -

Најнови вести